Со концертот „20 години Полифонија“ на оркестарот „Полифонија“, вчера во Националната опера и балет започна годинашното издание на манифестацијата „Есенски музички свечености“.
Дригент на концертот беше Иван Еминовиќ, а гости солисти беа Горан Начевски, Александра Коцевска и Raffaele D’angelo од Потенца, Италија.
Солисти од „Полифонија“, пак, беа Сања Шуплевска, Јанинка Невчева, Орце Ицковски, Михајло Михајловски и Денис Димовски.