Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“, во согласност со Законот за државните награди и Законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди („Службен весник на РМ“ бр. 52/06, 54/07, 74/12, 99/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 98/19) и Правилникот за работа на Одборот, на својата седница одржана на 21.10.2024 година, донесе
О Д Л У К А
за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2024 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Северна Македонија
1. Во областа на воспитанието и образованието, наградата ѝ се доделува на:
– проф. д-р Маја Бојаџиевска, универзитетски професор.
2. Во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на:
– Милован Стефановски, писател
– Мирослав Масин, сликар
– Рефет Абази, актер.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2024 година (недела) во 12часот во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.