Прес-конференција по повод впишувањето на нематеријалното културно добро „Традиционалната изработка и свирење на гајда“ на Репрезентативната листа на УНЕСКО

од admin_kult

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денес, понеделник (16.12.2024 година), во 10:30 часот,  во Порта Македонија ќе се обрати на прес-конференција по повод впишувањето на нематеријалното културно добро „Традиционалната изработка и свирење на гајда“ на Репрезентативната листа на УНЕСКО .

На прес-конференцијата на која ќе присуствуваат и Весела Честоева, директорка на Управата за заштита на културно наследство, д-р Велика Стојкова Серафимовска експерт на УНЕСКО за нематеријално културно наследство и проф. Д-р Драган Даутовски, ќе бидат споделени информации  за процесот на подготовка на номинацијата и впишувањето на елементот на Репрезентативната листа на УНЕСКО.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе