На сцената на Националната опера и балет денеска со почеток во 20:00 часот, во рамките на jубилејното 20. издание на Танц-фест Скопје, ќе биде изведен современиот балет „Сага (идентитети)“.
Во кореографија и режија на Рисима Рисимкин, на музика од композиторот Тони Китановски, сценографија на Матеа Мијановиќ и костимите на Благој Мицевски, настапуваат: примабалерините Марија Кичевска Шокаровска и Мими Поп-Алексова Атанасовска, првенецот Балаж Лочеи (Унгарија), Саша Евтимова, Франциско Хименез Руиз, Наташа Трендафилова-Гицева, Илијана Данилов и Христина Наќевска. Либретото се базира врз народни преданија и современа поезија од македонски автори, а централно место зазема песната „Везилка“ од великанот Блаже Конески.
Јубилејното издание на фестивалот е поддржано од Министерството за култура, а претставата е дел од програмата „Паралели“ што фестивалот ја остварува во соработка со Националната опера и балет.