„Современа скулптура“ – изложба на ДЛУМ

од admin_kult

Изложбата со наслов „Современа скулптура“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија ќе биде отворена денеска (31 октомври) во 20:00 часот  во галеријата „Ко-Ра“ во Домот на културата „Кочо Рацин”.

Оваа изложба на ДЛУМ е дел од програмските активности и е можност за групно претставување на поновите истражувања и идеи во рамките на современата скулптура.

На изложбата со свои дела ќе учествуваат авторите: Нела Јанковска, Слободан Милошески, Стефан Анчевски, Златко Бојковски, Златко Глигоров, Анѓел Димовски Чауш, Христијан Качаревски, Маја Кировска, Перо Кованцалиев, Доротеј Нешовски, Синиша Новески, Славчо Павловски, Татјана Ристовска, Ана Димчевска Семенпеева и Гоце Стоилковски.

На отворањето на изложбата ќе биде соопштен и добитникот на наградата за најдобра скулптура што секоја година ја доделува семејството Митриќески.

Изложбата ќе биде отворена за посетителите до 11.11.2024 г., а се реализира со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе