Совет на Европа

од admin_kult

Советот на Европа е најстарата европска организација која обединува 46  земји членки. Целта на Советот на Европа е создавање на единствена Европа во чии основи лежат принципите на слободна демократија, заштитата на човековите права и владеењето на правото. Седиштето на организацијата е во Стразбур, Франција.

На 9.11.1995 година тогашна Република Македонија стана 38-та полноправна членка на Советот на Европа.

Повеќе за Советот на Европа: https://www.coe.int/en/web/about-us/who-we-are

Европска стратегија за културното наследство за 21 век

Европската стратегија за културното наследство за 21 век промовира добро владеење засновано врз интердисциплинарно и партиципативно управување што ги вклучува сите засегнати страни поврзани со наследството (креатори на политики, професионалци, (меѓународни) невладини организации, граѓани), и им нуди стратегија заснована на три компоненти: социјална компонента, територијален и економски развој и знаење и образование.

Стратегијата се темели врз основните вредности на Советот на Европа: демократија, почитување на човековите права и слободи, дијалог и меѓусебно почитување.

Европската стратегија за културното наследство за 21 век е изготвена врз основа на заклучоците на европските министри одговорни за културното наследство од страна на Управниот комитет за култура, наследство и пејзаж (CDCPP), а една од нејзините главни карактеристики е споделување практики и конкретно искуство меѓу земјите членки, овозможувајќи им да црпат инспирација едни од други, со цел да се олесни спроведувањето на Стратегијата.

Стратегијата силно ги охрабрува земјите членки на Советот на Европа и другите земји членки на Европската културна конвенција да ги преземат потребните чекори за да ги спроведат препораките содржани во неа и меѓусебно да си помогнат преку размена на искуство, знаење, истражување и добри практики.

Повеќе информации за стратегијата:https://www.coe.int/en/web/culture-and-heritage/strategy-21

На линкот подолу може да се преземе Европската стратегија за културно наследство за 21 век (македонска и англиска верзија).

Линк: Европска стратегија за културно наследство за 21 век_MK/EN

Културни патеки

Иницијативата „Културни патеки“ на Советот на Европа е започната од 1987 година. Културните патеки се моќен инструмент за промовирање и зачувување на европските  заеднички  и различни културни индентитети. Тие  се добра можност за развивање на  меѓукултурен дијалог и разбирање на историјата на Европа преку размена на луѓе, идеи и култура.

Европскиот институт за културни патеки, кој се наоѓа во Луксебмург, е одговорен за имплемантацијата на оваа Иницијатива.

Од 2022 година има 48 сертифицирани културни патеки на Советот на Европа, кои обезбедуваат богатство на слободни и едукативни активности за сите граѓани низ Европа и пошироко и се клучни ресурси за одржлив развој на културниот туризам. Тие опфаќаат низа различни теми, од архитектура и пејзаж до религиозни влијанија, од гастрономија и нематеријално наследство до главните фигури на европската уметност, музика и литература. Повеќе информации за Културните патеки на Советот на Европа на следниов линк:  https://www.coe.int/en/web/cultural-routes  

Во смисла на продлабочување на соработката во рамките на Програмата за културните рути на Совет на Европа, нашата држава од 16.9.2022 година официјално пристапи кон Проширениот парцијален договор за културните патеки на Советот на Европа (EPA).

Повеќе информации на линкот подолу:                                           https://www.coe.int/en/web/cultural-routes/enlarged-partial-agreement

Повик за споделување приказни на Европските денови на културното наследство 2023

Европска стратегија за Културното наследство за 21 век

Europen cultural heritage strategy for the 21st century

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРОДОЛЖЕНИ РОКОВИ ЗА АПЛИЦИРАЊЕ ЗА ПРОГРАМАТА „КРЕАТИВНА ЕВРОПА – ПОТПРОГРАМА КУЛТУРА“ ЗА 2023 ГОДИНА

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе