„Европско патувачко кино под отворено небо“ е насловена новата програма на Фестивалот на европски филм Синедејс, која почнува денеска и утре (25/26.6.2021 г) на Градскиот плоштад во Крива Паланка. Синедејс ја стартува програмата во чест на 20-годишното постоење како заеднички проект на Делегацијата на Европска Унија и Младински културен центар.
Патувачкото кино ќе прикаже 12 филма: шест европски снимени во последните години и шест македонски кратки филма, дел од нив наградени на различни филмски фестивали.
Патувачкото кино продолжува во Струмица на 3 и 4 јули (Градски парк, Дом на АРМ) и Струга на 9 и 10 јули (Центар за култура, летна сцена). Проекциите почнуваат во 21 часот и ќе бидат проследени со разговори со филмскиот критичар Влатко Галевски и неговите гости.