Вечер во 20:30 часот пред платото на Офицерскиот дом во Битола во рамките на Балканскиот етнофестивал „Локум фест“, ќе настапи групата „Синафи трио“.
Групата „Синафи трио“ е основана од тројца грчки музичари кои се запознале во Истанбул, Турција. Триото ги вклучува Фотини Кокала – канун, Марина Лионту – уд и Елена Мудири Хасиотоу – вокал и перкусии.
На годинашното издание на „Локум фест“, вечер од 22:30 часот ќе настапи италијанскиот фолктроник-квартет „Фолкатомик“. Членови на квартетот се: Даниеле Ли Баси – гитарист, диџеј и продуцент; Франко Монтанарое – пејач, тапанар и перкусионист; мултиинструменталистот Оресте Форестиери свири флејта, инструменти со трска, тапани со рамки и плектум; Валерија Кварта – пејачка (опера, џез, соул, блуз) специјализирана за традиционална музика од Пуља.
Фесивалот е финансиран од Министерството за култура и Општина Битола.