Симон Трпчески го снима материјалот за новиот компактен диск во студиото М1 на МРТ

од admin_kult

Македонскиот пијанист Симон Трпчески, со одбрана екипа колеги, го снима материјалот за новиот компактен диск во легендарното студио М1 на Македонската радио-телевизија.

Во ова студио се снима материјалот со дела од современата класична литература за камерна музика, и тоа: „Квинтет“ на Панде Шахов, адаптиран специјално за овој повод, како и  делото „Дивертименто за секстет“ од францускиот композитор Гијом Конесон, во аранжман на нашиот перкусионист Влатко Нушев.

Во изминатиот период, Трпчески во Берлин сними материјал за уште еден нов албум со солистичка пијанистичка литература од германски автори што, исто така, ќе го издаде „Лин рекордс“. Концертната рестрикција предизвикана од пандемијата остави печат и на неговиот распоред, па минатиот месец се одржаа само концертите во Букурешт.

Веќе в петок (9 април) Трпчески ќе настапи со Оркестарот на полското национално радио во Катовице. Во план се и настапи со Оркестарот на Минесота во САД и концерт со Националниот оркестар на Франција во Париз на крајот од април. За следниот месец е најавен рецитал во рамките на Интернационалните пијано-серии во Лондон, како и концерт со Софиската филхармонија.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе