СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ ЗА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК

од admin_kult

По  одржувањето на конститутивната седница и усвојувањето на Деловникот за работа, Советот за македонски јазик, во состав: проф. д-р Симона Груевска-Маџоска (претседател), проф. д-р Илија Велев, проф. д-р Александра Ѓуркова, проф. д-р Веселинка Лаброска, академик Марјан Марковиќ, проф. д-р Михајло Марковиќ, проф. д-р Марија Паунова, академик Катица Ќулавкова и проф. д-р Гоце Цветановски, на 21 јануари ја одржа својата втора седница на која беше усвоена Предлог-програмата за работа на Советот.

Советот за македонски јазик функционира доследно како стручно советодавно тело на Владата на РС Македонија во согласност со Законот за употребата на македонскиот јазик и во таа насока води грижа за статусот на македонскиот јазик во сите нивоа на општественото живеење и доследно спроведување на Уставот.

Во согласност со програмските приоритети, Советот ќе сугерира механизми за доследна употреба на македонскиот јазик во сите културни, општествени и стопански дејности во РС Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе