Свечено отворена на манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“

од admin_kult

На 11 април 2025 година, со Концерт на Националниот џез оркестар, ќе биде свечено отворена манифестацијата „Гевгелија град на култура за 2025 година“. 

На Градскиот плоштад во Гевгелија, со почеток од 19:30 часот, Националниот џез оркестар ќе настапи со репертоар на незаборавни хитови и поп-евергрини од македонската и светската музичка сцена. 

Овие безвременски мелодии ќе добијат нов, уникатен звук преку специјално адаптирани аранжмани за изведба со биг-бенд состав, а публиката ќе ужива и во врвните изведби на членовите на биг-бендот. Диригент на концертот ќе биде Џијан Емин, а како вокални солисти, покрај членовите на биг-бендот ќе настапат: Андријана Јаневска, Светлана Јовановска, Дејан Бобиќ и Калина Велковска.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе