Свечено отворање на македонскиот павилјон на 19. Меѓународна изложба на архитектурата во Венеција

од admin_kult

– Во изложбениот простор Арсенале – Сале д’Арми (Sale d’Armi) во Венеција, денеска свечено ќе биде отворен Павилјонот на Република Северна Македонија во рамките на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – La Biennale di Venezia. Проектот „Страда бруталисима“, под кураторство на Благоја Бајковски, е авторско дело на кураторот и тимот составен од Ана Рафаиловска, Невенка Манчева Аџиевска, Марија Антиќ Николова, Теа Дамјановска и Михајло Стојановски. Комесари на изложбата се Маја Неделковска Брзанова и Фросина Зафировска – соопшти Националната галерија на РСМ.

„Страда бруталисима“ претставува проект од национален интерес во културата од областа на меѓународната соработка за учество на Република Северна Македонија на 19. Меѓународна изложба на архитектурата – La Biennale di Venezia и е финансиран од страна на Министерството за култура и туризам. Проектот е во организација на Националната установа Национална галерија во соработка со Архитектонскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и поддржан од страна на Комората на овластени архитекти и овластени инженери.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе