Изложбата на светски реномираните романски уметници Дан и Лиа Пержовски ќе биде отворена на 26 септември во 20 часот во Музејот на современата уметност во Скопје.
Дан Пержовски ќе се претстави со уметничкиот проект „Обновени вести“, а Лиа Пержовски со проектот „Сет за преживување (избор од Музејот на знаењето)“. Во рамките на изложбата ќе бидат изложени и цртежите што Дан ги има донирано на МСУ – Скопје.
Светски реномираните романски уметници Дан и Лиа Пержовски по пристигнувањето во Скопје веќе ги исцртуваат ѕидовите на Музејот на современата уметност – Скопје. Инаку, тие досега ги имаат исцртано ѕидовите на: „МоМА“ во Њујорк, „Тејт модерн“ во Лондон, Центарот „Помпиду-Бобур“ во Париз, Музејот „ВанАбе“ во Ајндховен…
Пред официјалното отворање на изложбата, во 19:30 часот Дан и Лиа ќе направат музејска тура за посетителите кои се заинтересирани одблизу да ја доживеат нивната уметничка практика, која ги поместува границите на современата уметност денес.