Во камерната сала на Македонската филхармонија вечер, 19 мај, со почеток во 20:00 часот ќе настапи „Ченг дует“, во кое свират Брајан Ченг, на виолончело и Силви Ченг, на пијано.
Во рамките на програмата ќе бидат отсвирени дела од Дебиси, Равел, Де Фаља, Цинцадзе и Шостакович.