Во рамките на 51. издание на фестивалот „Мајски оперски вечери“ 2023, утре (26 мај) со почеток во 20:00 часот, ќе биде изведено едно од најмоќните и најдраматични дела во историјата на класичната музика, „Реквием“, на италијанскиот музички мајстор Џузепе Верди.
Диригент е гостинот од Бугарија Емил Табаков, концерт-мајстор е Владимир Костов, а хор-мајстор е Ѓурѓица Дашиќ. Настапуваат Хорот на Националната опера и балет и Оркестарот на Филхармонијата.
Ќе настапат солистите: Беса Лугичи, сопран (Косово); Сања Анастасиa, мецосопран (Србија); Никола Китановски, тенор; Игор Дурловски, бас.