Распишан конкурсот за поетската награда „Млада Струга“ на СВП и Делегацијата на ЕУ

од admin_kult

Фестивалот „Струшки вечери на поезијата“ (СВП), во соработка со „Европска куќа“ и со поддршка од Делегацијата на Европската Унија во Северна Македонија, распиша конкурс за поетската награда „Млада Струга“ 2025 за најдобра необјавена поетска збирка од млад автор дебитант.

На конкурсот, како што соопштија од СВП, може да учествуваат автори на возраст од 18 до 30 години, државјани на Република Северна Македонија. Пријава може да поднесе исклучиво авторот и еден автор може да учествува само со една необјавена поетска збирка.

Минималниот обем на необјавената поетска збирка, како што е наведено, е 500 стихови, а максималниот 1000 стихови.

Конкурсот трае заклучно со 30 април 2025 година, до кога сите пријави и необјавени поетски збирки треба да пристигнат на поштенската адреса на Струшките вечери на поезијата, како и во електронска форма, според условите. Пријавените необјавени поетски збирки ќе ги разгледува тричлена жири-комисија, а добитникот на наградата ќе биде објавен на 10 јуни 2025 година. Наградата вклучува плакета, паричен износ и објавување печатена публикација во рамките на изданијата на СВП.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе