Расказите „Вест” и „Настан на летување” од академикот Влада Урошевиќ се објавени во јунскиот број на руското списание „Иностранаја литература”, во превод на Олга Панкина, популаризатор на македонската литература во странство. Мотото на списанието е „Запознај ги утрешните класици!”.
Панкина напиша и кратка белешка за Влада Урошевиќ, изразувајќи надеж дека читателите и преку превод ќе jа почувствуваат убавината на јазикот и изразот на овој македонски автор.
Панкина најави дека подготвува за публикациjа нова збирка раскази на Влада Урошевиќ која на есен ќе излезе од печат по повод 90-годишниот јубилеј на писателот. Книгата ќе има околу 350 страни и ќе содржи 35 раскази создадени од Влада Урошевиќ во текот на неговото шеесетгодишно книжевно творештво.