Од 22 до 24 септември во Младинскиот културен центар (кино „Фросина“) во Скопје ќе се одржи второто издание на „ULTIMATE“ – работилници со Александар Георгиев и Дарио Барето Дамас. Од Центарот за нови иницијативи во уметноста и културата „Локомотива“ информираат дека во рамките на вториот дел од серијата отворени работилници за „дрег“ и „квир“ култура со Александар Георгиев – Аце и Дарио Барето Дамас, заинтересираните ќе имаат можност да споделат и да отворат нови простори и форми за изразување и растење на дрег-културата.
Од „Локомотива“ додаваат дека заинтересираните, кои сакаат да бидат дел од работилницата, треба да испратат барање на е-адресата: lokomotivaskopje2015@gmail.com.
Работилниците се дел од програмата „Современа кореографија и танц” на „Локомотива“ реализирани во соработка со ЛГБТИ-центарот за поддршка и социокултурниот центар „Комитет“ и Младинскиот културен центар. Програмата „Современа кореографија и танц” на „Локомотива“ е поддржана од Министерството за култура и од Град Скопје.