Промоција на романот „Последното име на иднината“ од Живко Грозданоски во Софија

од admin_kult

Овој четврток, 4 јули, во 18:30 часот во Културно-информативниот центар на РС Македонија во Софија ќе се одржи промоција на романот „Последното име на иднината“ (Антолог, 2018) од македонскиот писател Живко Грозданоски. За книгата ќе разговараат преведувачот Маријан Петров и авторот, а ќе се обрати и книжевниот критичар и издавач на делото, Пламен Тотев, (Books4All).


По „Куфер за тројца“ (Или-или, 2014), кој беше преведен од Тања Попова и објавен во Бугарија во 2017 година, „Последното име на иднината“ е втор роман на Живко Грозданоски преведен на бугарски јазик.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе