Во фоајето на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев” во Куманово, денеска (понеделник, 19 јуни), со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи промоција на Зборник на трудови „Антево дело”. Печатењето на Зборникот е реализирано во рамките на Меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски-Антево перо”.
Промотор ќе биде проф. д-р. Кристина Николовска, која ќе одржи и беседа за великанот Анте Поповски.
Посетителите ќе имаат можност да проследат видео материјали со кус рецитал на Анте Поповски и снимки од негови песни во интерпретација на артистите Софија Гогова Врчаковска и Игор Џамбазов.