Официјалната посета во градот Чанаккале, Република Турција, заменик-министерот за култура Даим Лучи ја започна со средба со генералниот директор за култура и туризам во Министерството за култура и туризам на Република Турција за градот Чанаккале, Мурат Јелмаз. На средбата стана збор за многу идеи, активности и соработка во областа на културата, младите, спортот и туризмот.
Заменик-министерот Лучи оствари средба и со ректорот на Државниот универзитет во Чанаккале „18 Март“, проф. д-р Седат Мурат, со кого дискутираше за заеднички идеи за координација на активности и проекти што би ја продлабочиле соработката во областа на културата, образованието, младите и спортот.