Прилепскиот театар со „Аудиција“ настапи на фестивал во Србија

од admin_kult

Театарот „Војдан Чернодрински“ од Прилеп со претставата „Аудиција“ од Галин, во режија на Владимир Милчин, вчеравечер настапи на 11. Амбиентален театарски фестивал „Нови тврдина театар“ во Чортановци, во близина на Нови Сад.

Прилепскиот театар настапи во вилата „Станковиќ“, која од неодамна е промовирана како нова амбиентална театарска сцена, во конкуренција со други пет претстави на театри од регионот.

Во претставата играат: Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски.

Мотото на фестивалот годинава е „Смета ли иднината на нас?“, а претставите зборуваат за проблемите на човекот денес. Уметнички директор на фестивалот е Вида Огњановиќ.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе