Прилепскиот театар гостува во театарот „Гавела“ во Загреб, Хрватска

од admin_kult

Театарот „Војдан Чернодрински“ со претствата „Хамлет“ од Шекспир, во режија на Бранко Брезовец, вечер (10 септември) гостува во театарот „Гавела“ во Загреб, Хрватска. Гостувањето е во рамките на манифестацијата „Еуријал 2024“, која се одржува во два дела. Во есенскиот дел, отворањето на „Еуријал 2024“ е со претставата на Припепскиот театар, која, како што информираат од оваа национална установа, отвора радикално, ново читање на Шекспировото ремек-дело.

„Хамлет“ е работена според трагедијата на Вилијам Шекспир, со користење на драмите „Во малиот дворец“ на Станислав Игнациј Виткиевич и „Чест“ на Васил Иљоски. Режисер е Бранко Брезовец, за костимите е задолжена Сузана Брезовец.  Во претставата играат: Зоран Иваноски, Димитар Ѓорѓиевски, Андон Јованоски, Даниела Иваноска, Марија Спиркоска Илијеска, Игор Трпчески, Илија Волчески, Александар Тодески, Михајло Миленкоски, Виолета Чакарова, Наташа Ачански  и Ана Митоска.

Театарот „Војдан Чернодрински“ неколкупати досега има гостувано во Загреб, со претставите „Антица“ и „Глембаеви, уште една легенда“, во рамките на фестивалот „Еуроказ“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе