Музејот на Град Кратово ја одбележа 25-годишната успешна соработка со Националната установа Археолошки музеј на Северна Македонија со изложба на над 1000 артефакти камена пластика од периодот на доцната антика, пронајдени на археолошкиот локалитет Големо Градиште во село Коњух, кратовско, а директорката на Археолошкиот музеј, Славица Бабамова, по повод 100 години постоење на оваа национална установа, додели плакета во знак на признание на успешната две и пол децениска успешна соработка со Музејот на Град Кратово.
Изложбата од вчера е отворена за јавноста во просториите на училиштето „Гоце Делчев” во село Коњух, а изготвени се и брошури за посетителите и туристите.