Претставата „Ученикот“ премиерно во Прилепскиот театар

од admin_kult

„Ученикот“ е насловот на претставата работена според делото на германскиот автор Mариус фон Маербург, а во режија и драматургија на Кирил Петрески, што денеска, 25 декември, во 20:00 часот премиерно ќе биде одиграна на сцената на театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.

Во претставата играат: Зоран Иваноски, Марија Спиркоска-Илијеска, Александар Тодески, Лора Штарго, Наум Ѓорѓиески, Димитар Паскоски, Марија Талеска и Иво Јездиќ.

Сценографијата е на Владо Ѓорески, костимографијата е на Александар Џинго, а музиката на Серафим Чернит.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе