Претставата  „Синот“ од Флоријан Зелер во Струмичкиот театар

од admin_kult

Во Театарот „Антон Панов“ во Струмица утревечер во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Синот“ од Флоријан Зелер, во режија на Благој Мицевски. Претставата е во чест на одбележувањето 30 години актерска дејност на Кољо Черкезов.

Улогите ги толкуваат Кољо Черкезов, Михаил Велков, Јасмина Вучкова, Јулија Милкова, Ванчо Василев и Томе Витанов. Сценографијата е на Благој Мицевски, асистент на режија е Дејан Ангелов, драматург на претставата е Ацо Гогов, преводот од француски на македонски јазик е на Јадранка Стефкова, костимите се на Ванчо Василев, музиката на Марјан Неќак, дизајнот на плакатот е на Ване Костуранов, а видеомонтажата ја направи Марјан Ѓорѓиевски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе