Претставата „По име Господин“ премиерно во Прилеп

од admin_kult

Во театарот „Војдан Чернодрински“ при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп вечер, од 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена претставата „По име Господин“, работена по текст од Филип Леле, во режија на Борис Василески.

Во претставата играат: Димитар Ѓорѓиевски, Даниела Иваноска, Михајло Миленкоски, Дарко Карбески и Наталија Ристеска. Драматургијата е на Лидија Митоска-Ѓорѓиевска, сценографијата на Ненад Тонкин, за костимите се погрижи Марта Дојчиновска, музиката е на Серафим Чернит, а за дизајнот на светло е задолжен Бобан Смилкоски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе