На сцената на Центарот за култура во Куманово утре (петок, 17 мај) во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир Николовски.
Во претставата играат: Марко Трајковиќ, Александра Михајловска-Величковски, Драган Илиќ, Владанка Крстевски и Жарко Јовановиќ.
Сценариото е на Марио Стошевски, а костимите ги изработи Дарко Илиевски.
Првата реприза е закажана за сабота, 18 мај.
Претставата „Не можам да платам, не сакам да платам“ се реализира со поддршка од Министерството за култура.