В недела (20 октомври) во 20:00 часот на сцената на Народниот театар во Охрид премиерно ќе биде изведена претставата „Кумови“, пo текст на Душан Ковачевиќ и режија на Билге Емин.
„Човечкото секојдневие, искушенијата и предизвиците со кои се соочува поединецот во животниот вител на овие простори и неизвесноста пред која е исправен, тоа се темите што ги третира најновата драмска поставка Кумови“, информираат од охридскиот Народен театар.
Во претставата настапуваат: Адријана Билаловиќ Тодороска, Никола Тодороски и Елизабета Стефановска Јандреовска, Стрезо Стаматовски и Ивица Цонев.
Преводот и драматургијата се на Кристина Тодороска-Петреска, сценографијата на Татјана Христоска-Блажевска, додека костимографијата на Марија Пупуческа.
Претпремиерата е закажана за 19 октомври со почеток во 20 часот.