Утревечер во Театар Комедија, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде изведена театарската претстава „Да живее Долна Дупка“.
Во претставата, работена по текст и режија на Коле Ангеловски, играат Жаклина Стевковска, Роберт Ристов, Јаков Спасов и Горан Ников.
Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимите на Марија Ѓоргиевска, а музиката на Оливер Митковски и Андреја Ристевски.