Велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ вечер (19 април) во 21:00 часот премиерно ќе ја изведе претставата „Паника“ од финскиот автор Мика Мулуахо, во режија на Александар Ивановски.
Во претставата, која е дуодрама, настапуваат Стефан Николовски и Филип Христовски. Драматург на претставата е Катерина Момева, сценографијата е на Филип Коруновски, а музиката е избор на двајцата актери.