Премиера на „Секс, лаги и главоболки“ во Театар „Комедија“

од admin_kult

Претставата „Секс, лаги и главоболки“, инспирирано од животни искуства и колективно авторство, во режија на Александра Кардалевска, ќе биде премиерно изведена вечер во 20 часот на сцената на Театар „Комедија“ во Скопје. „Секс, лаги и главоболки“ е динамична, духовита и емотивна претстава што со леснотија се движи на тенката линија меѓу хуморот и драмата, но секогаш останува искрена и блиска до животот. Преку четири различни приказни што ќе ја разголат комплексноста на љубовните односи – од комични недоразбирања до болни откритија – четворица актери мајсторски толкуваат повеќе ликови, поставени во парадоксални ситуации на нивните љубовни односи, брачни предизвици и неверства.

За сценографијата, костимите и визуелниот дизајн се погрижи Онур Озџан. Дизајнот на светлото е на Душан Кардалевски, музиката на Оливер Јосифовски, Давор Јордановски и Михајло Михајловски. Драматург е Благица Секулоска.

Улогите ги толкуваат: Жаклина Петровска, Елена Кузманов, Тони Денковски, Сергеј Димовски, а како глас се појавува Жаклина Стевковска-Дрнасин.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе