Премиера на претставата  „Фамилијата Адамс“ во Драмски

од admin_kult

„Фамилијата Адамс“ е новата премиера што ќе биде изведена утре (среда, 25 декември) во 20:00 часот на сцената „Ристо Стефановски“ во Драмскиот театар – Скопје. Режисерката Теа Беговска е автор и на текстот и на адаптацијата за претставата. Во уметничкиот тим што ја работеше „Фамилијата Адамс“ се сценографот Никола Пијанманов, костимографите Ратка Џамбазовска Коцев и Раде Василев, а музиката е на Енес Беговски. Кореографијата е на Бојан Лазаров.

Во претставата играат актерите: Предраг Павловски, Трајанка Илиева Вељиќ, Гордана Ендровска, Нина Елзесер, Сашо Тасевски, Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Емилија Мицевска, Златко Митрески и Маја Вељковиќ Пановска, како и студенти од Факултетот за драмски уметности и од Факултетот за театарски уметности при Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе