Премиера на претставата „Марта Верина“ во МНТ

од admin_kult

Во Македонскиот народен театар вечерва со почеток во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Марта Верина“ од Драгана Лукан Николоски, во режија на Нина Николиќ, а во копродукција помеѓу „Перипетија продукција“ и МНТ и во соработка со Фондацијата „Ацо Шопов“.

Во претставата играат Дарја Ризова, Григор Јовановски, Благој Веселинов, Билјана Драгиќевиќ-Пројковска, Амернис Нокшиќи, Софија Насевска-Трифуновска и Саша Ханџиќ. 

Сценографијата е на Илина Ангеловска, костимограф е Ивана Каранфиловски Угуровска, а музиката е на Оливер Митковски и Андреја Салпе.

Како дел од проектот е објавена и книга чија промоција ќе биде одржана во рамки на премиерната изведба на претставата.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе