На 3 јуни, со почеток во 20:00 часот, на големата сцена на Македонскиот народен театар ќе се одржи премиерната изведба на претставата „Кататонија“, по мотиви од драмскиот текст на Алис Бирч, во режија на Васил Христов. Драматург е Викторија Рангелова-Петровска.
Во претставата играат: Верица Недеска, Ања Митиќ, Сања Арсовска, Јасмина Билаловиќ, Јасмина Василева, Игор Ангелов, Дениз Абдула и Владимир Петровиќ. Како костимограф се потпишува Роза Трајческа-Ристовска, сценографското решение и изборот на музиката се на Васил Христов, а дизајнер на плакатот е Денко Матевски. Инспициент на проектот е Саво Ивановски. Претставата е во копродукција на Вондерленд театар – Скопје и Македонскиот народен театар.