Во Народниот театар во Битола денеска со почеток во 18:00 часот премиерно ќе биде одиграна претставата за деца „Снежана и седумте џуџиња“.
Претставата „Снежана и седумте џуџиња“ е работена по текст на Љубивое Ршумовиќ, во режија на Драгана Милошевски Попова. Драматург е Билјана Крајчевска, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимограф е Андреј Ѓоргиевски, композитор е Марјан Неќак.