Во Театар Комедија вечер, 12 декември, со почеток во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Демнејќи го Годо“ по текст на словенечкиот писател Драго Јанчар, а во режија на Сибел Авдиу.
Улогите ги толкуваат Жаклина Стевковска-Дрнасин, Едмонд Сотир, Кристина Ласовска, Селпин Ќерим и Џенап Самет, сценографијата ја изработи Луиџи Бејта, костимите се дело на костимографката Ивана Каранфиловска, а кореограф на претставата е Александра Кочовска-Начева. Станува збор за прва копродукциска соработка меѓу Театар Комедија и Турскиот театар од Скопје на која се работеше речиси три месеци.