Претставата „Госпоѓица Јулија“, по текст на Аугуст Стриндберг, а во режија на Мето Јовановски, вечер премиерно ќе биде изведена во Културно-информативниот центар во Скопје.
Во претствата играат: Марија Кондовска, Андреј Серафимовски и Сандра Темова. Костимите и сценографијата се на Благој Мицевски, а дизајнот на плакатот е на Влатко Јовановски. Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за култура.