Премиера на претставата „Адамс Фемили“ во Албанскиот театар за деца и млади

од admin_kult

Во Албанскиот театар за деца и млади во Скопје утре (18 мај) со почеток во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата за млади „Адамс Фемили“ со адаптација и во режија на Теа Беговска.

– „Фамилија Адамс“ е приказна која за поголемиот дел од публиката е веќе позната. Претставата е намената за млади и тинејџери, но ова е претстава и за возрасните, за родителите и сите семејства – велат од Албанскиот театар за деца и млади.

Во претставата играат: Валдета Исмаили, Мелика Кастрати, Мумин Абдулахи, Деа Пајазити, Флакрон Али, Елдин Широки, Гзим Жерка и Блерим Дардишта.

Сценографијата е на Дардан Ахмети и Теа Беговска, костимите на Андреј Папаз Ѓоргиевски, а музиката на Енес Беговски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе