Во Битолски театар утревечер, 30 јануари, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе биде одиграна монодрамата „Којзнае зошто“ во режија на Дамјан Читкушев, работена според „Сонот на смешниот човек“ од Ф. М. Достоевски.
Во монодрамата игра Ане Блажовски.
Монодрамата „Којзнае зошто“ е приказна за човек што ја губи вербата, но и чин на освестување за надежта што тлее во нас, дури и кога таа изгледа недостапна.