Премиера на две композиции од Дарија Андовска во Токио и во Скопје

од admin_kult

Во Операта во Токио вчеравечер премиерно беше изведена композицијата „Сношти минав“ за тенор, гудачки оркестар и пијано од Дарија Андовска. Композицијата е напишана за нашиот светски реномиран тенор, Благој Нацоски, кој ја изведе заедно со „Tokyo Vranec Chamber Orchestra“, под диригентската палка на Казухиро Котецу, на концертот по повод 30 години дипломатски односи меѓу Македонија и Јапонија.

Исто така вчеравечер во Скопје, пак, беше светската премиера на композицијата „Со маки сум се родила“ за сопран, флејта и пијано од Дарија Андовска. Композицијата е напишана за ансамблот „Altus New Breath“, а беше изведена од Гонца Богоромова-Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта и Маријана Николоска – пијано.

Дарија Андовска е една од најплодните, најреномирани и најизведувани македонски композиторки на светските подиуми. Таа е редовен професор на Факултетот за музичка уметност – Скопје при УКИМ, каде што моментално ја извршува функцијата декан.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе