„Безвременски прикаски“ е музичко-сценски и танцов перформанс во кореографија и режија на Ирена Лозинска. Опфаќа седум раскази од Франц Кафка. Четирите актери, преку танцови форми и техники, ги оживуваат приказните на Кафка, додека Енес Беговски, автор на музиката за претставата, со својот ханг (ударен музички инструмент), ја дополнува атмосферата со живи музички ефекти. Визуелните ефекти се на Доријан Миловановиќ.
Во претставата играат: Исидор Јованоски, Ана Левајковиќ-Бошков, Хакан Даци и Нела Павловска.
Претставата е поддржана од Министерството за култура и туризам.