Во Народниот театар во Штип утревечер (19 октомври) со почеток во 20:00 часот премиерно ќе биде изведена претставата „Пијани“ – литургија зеро, според текстови на Хајам, Вирипаев, Достоевски, а во адаптација и режија на Дејан Пројковски.
Во претставата играат: Владимир Тулиев, Пеце Ристевски, Миле Вратеовски, Никола Кузелов, Кристина Атанасова Арсова, Анѓелка Нашкова, Елена Шорова Дербов, Марија Минчева Андонов и Ава Хусеини.
Како сценограф се потпишува Валентин Светозарев, костимограф е Раде Василев, а композитор е Горан Трајковски. Драматург е Габриела Коцева Тулиев, а дизајнот на плакатот е на Сергеј Светозарев. Првата реприза е закажана за 22 октомври (вторник).