Презентации, изложби и предавања во Археолошкиот музеј по повод Меѓународниот ден на музеите

од admin_kult

По повод Меѓународниот ден на музеите 2025 – 18 Мај, од денеска до 18 мај во Археолошкиот музеј во Скопје ќе се организираат настани под насловот „Музеи, едукација и истражувања“.

Настаните ќе се осврнат на современи прашања од археолошката наука, како и на нови пристапи кон интерпретацијата и заштитата на културното наследство.

Посебен акцент ќе биде ставен на образовната улога на музеите и нивната поврзаност со пошироката заедница.

Во согласност со годинашната тема предложена од ИКОМ (ICOM) – „The Future of Museums in Rapidly Changing Communities/Иднината на музеите во заедници кои брзо се менуваат“, Националниот археолошки музеј го одбележува 18 Мај со богата програма што ја истакнува улогата на музеите како активни чинители во современото општество.

Како што е најавено, програмата почнува денеска, а ќе продолжи утре, вклучувајќи научни презентации, изложба, предавања и креативна работилница за најмладитe.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе