Директорот на Драмски театар Скопје Роберт Вељановски, во присуство на министерот за култура и туризам Зоран Љутков, директорката на Љубљански општински театар (МГЛ) Барбарa Хиенг Самобор, директорот Белградски драмски театар (БДП), го најави почетокот на пробите за првата копродукциска претстава помеѓу членките од Регионалната унија на театри. По текстот на Душан Јовановиќ „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна“ започнува процесот за претставата во режија на хрватскиот режисер Иван Пеновиќ.
Во копродукцијата учествуваат трите театри: Драмски театар Скопје (ДТС), Белградски драмски театар (БДП), Љубљански општински театар (МГЛ) и четвртиот партиципиент ЈУ Будва Град театар.
Улогите во претставата „Животот на провинциските плејбои по Втората светска војна“ им се доделени на актерите: Марјан Наумов, Јована Спасиќ, Лазар Христов, Марко Гверо, Иван Томиќ, Соња Стамболџиоска, Нејц Језерник, Јулита Кропец и Лазар Николиќ. Во уметничкиот дел од екипата се: сценографот Лазе Трипков, костимографот Александар Ношпал, композиторот Владимир Пејковиќ, а за сценските движења е задолжен Дамир Клемениќ. Преводот го направи Соња Должан. Инспициент на претставата е Жарко Намичев и суфлер Милка Анчевска.