По повод државниот празник 8 Септември – Денот на независноста, (недела), НУ Завод и музеј – Охрид се приклучува со своја програма.
− По повод 32 години од независноста, под слоганот „8 Септември – Гласник на слободата“, музеите, локалитетите и галериите ќе бидат отворени за сите граѓани без надоместок. Имено, музејските објекти Куќата на Робевци, Галеријата на икони и Заливот на коските ќе бидат отворени без надоместок за сите граѓани. Истовремено, на 8 септември (недела) во 18 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена самостојна изложба од авторот Боро Митрески-Минта со наслов „33 Христос живот за спас на човештвото“, која содржи 33 сребрени микроекспонати (годините на Христос) − информираат од Заводот и музеј – Охрид.