Почнува 10.Шекспир фест во Битола

од admin_kult

Со претставата „Едвард Втори“, копродукциски проект на Театарот „Јордан Х.К. Џинот“ од Велес и Драмски Театар Н.О. Масалитинов, Пловдив, Бугарија, вечерва, на 28 јуни, во 20 часот, во Битола стартува јубилејното десетто издание на меѓународниот Шекспир фестивал.

„Месечината јасно свети, во ноќ како оваа“ е мотото на годинешното издание на Фестивалот кој ќе трае до 2 јули.

В сабота, на 29 јуни (20 часот) ќе бидат прикажани две претстави „Хамлет – Денот на убиствата”, според пиесата на Бернар – Мари Колтес, во режија на Марјан Неќак, на Битолски театар, која минатата недела ја доби наградата за најдобра претстава на Интернационалниот Фестивал „Инфант“ во Нови Сад,  Србија. Во 21.30 часот е „Цезар” во режија на Сибел Абдиу, и во изведба на Катс Шахне театар од Истанбул, Турција.

Претставата „Отело” на ИмПерфект Денсерс Компани од Италија е на 30. јуни (20 часот), а на први јули е „Бура” (20 часот), претстава на „Марко Цепенков“ од Прилеп.

Фестивалот се затвора на втори јули (20 ч.), со претставата “Ромео и Јулија”, во продукција на Народен театар Тоша Јовановиќ од Зрењанин, Србија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе