Во Кулпарк, пред Културно-информативниот центар — Скопје, денеска (27 септември) започнува годинашното издание на скопскиот летен фестивал „Звукот на Скопје“, носечка манифестација на КИЦ.
Во рамките на програмата на овој еднодневен летен фестивал на отворено ќе настапат актуелни музички имиња, додека визуелниот дел од програмата со филмови и изложби, како дел од програмските активности на Центарот, ќе се одржи во Салон 19:19 и во галериите на КИЦ.