Потпишан Меморандум за соработка меѓу Министерството за култура и туризам и УКИМ

од admin_kult

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана  Ангелова, потпишаа Меморандум за соработка  меѓу Министерството за култура и туризам и нашата најстара и најреномирана високообразовна установа, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје.

Потпишувањето на Меморандумот ја потврдува заедничката определба на Министерството и Универзитетот за поврзување на културата со образованието, теоријата со практиката, академското знаење со институционалниот развој.

„Со овој меморандум отвораме пат за истражувања, анализи, размена на искуства, како и за реализација на заеднички проекти. Во тој контекст сакам да потенцирам дека Министерството е отворено за академската заедница – не како набљудувач, туку како рамноправен партнер во градењето на културна политика заснована на знаење и анализа. Воедно сакам да нагласам дека овој документ е дел од нашата поширока стратегија за професионализација на културниот и туристичкиот сектор и зголемена вклученост на младите во културните процеси“, рече Љутков.

Министерот Љутков изрази уверување дека ова партнерство ќе даде конкретни резултати, а потпишувањето на Меморандумот  ќе биде  почеток на една нова и значајна етапа во развојот на културната и образовната политика во Република Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе