„Поместени граници“ е насловот на групната изложба на ДЛУМ што ќе биде отворенавечер (13 јуни) во 19:00 часот пред фонтаната „Лотус“ во Градскиот парк во Скопје.
Станува збор за веќе традиционална изложба од годишната програма на ДЛУМ, со која годинава преку иновативен артистички пристап ќе биде промовиран новиот простор на ДЛУМ на бул. „Илинден“ бр. 63, Скопје. Примарната цел на настанот е да го означи почетокот на новото поглавје за Друштвото и да привлече внимание и поддршка за реновирање и адаптација на просторот.
Изложбата вклучува дела од етаблираните автори: Душан Перчинков, Симон Шемов, Коле Манев, Васил Василев, Костадин Танчев-Динка, Ана Темкова, како и од помладите автори: Ана Трајковска, Ана Спасова, Тања Ристевска, Дорина Тенева, Kристијан Јованоски, Игор Tанески и Ана Вчкова.